Младинската екипа на ОК „Штип УГД“ беше примена од страна на ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, како резултат на освоеното второ место на завршниот турнир за младинци. Екипата на УГД го освои второто место, каде што во финалето загуби против екипата на ОК „Работнички“ од Скопје. Натпреварот, минатиот викенд, се играше во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.
Ректорот на УГД им честиташе на одбојкарите за овој успех и истакна дека и во иднина Универзитетот ќе биде поддршка на спортот и младите спортисти.
- Ние не би биле тоа што сме ако не е поддршката од УГД. Сите успеси и достигнувања се благодарение на поддршката од УГД и на пожртвуваноста на играчите и младите луѓе кои се дел од клубот - велат од ОК „Штип УГД“.
На завршниот турнир трето место освои екипата на ОК „Струмица“ од Струмица.
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com