Студенти на УГД, дел од машката и од женската одбојкарска екипа на УГД, учествуваа на традиционалниот Меѓународен студентски турнир во одбојка на плажа кој се одржа во Лозенец - на брегот на Црно Море во Бугарија.
Студентите настапија во машка и во женска конкуренција, како и во натпревари во мешани двојки. Постигнати се следниве резултати:
- УГД (студентки) 1. и 2. место,
- УГД (студенти) 2. место,
- УГД (мешани двојки) 2. и 3. место.
Покрај натпреварите во одбојка на плажа, студентите имаа можност да се запознаат и да се вклучат во пријателски натпревари во тенис на плажа.
Турнирот беше во организација на Одделот за спорт на Софиски универзитет „Св. Климент Охридски" - Софија. Учеството на студентите на УГД беше во организација на Универзитетскиот спортски и културен центар.
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com