Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Спортски настан и тениски натпревари организирани на УГД во рамките на Еразмус +

Неодамна проектниот тим од УГД во рамките на Проектот „Tennis clubs for dual careers“ организираше голем спортски настан за промоција на тенисот, како и резултатите од проектот. Коорганизатори на настанот беа и тениските клубови „Астибо“ - Штип и „Нет“ - Струмица.

Настанот се состоеше од два дела – теоретски дел, каде што беа споделени целите и постигнатите резултати во рамките на проектот и беше презентирана иновативна програма за двојни кариери во спортот, креирана во рамките на проектните активности. Како дел од иновативната програма, истражувачите и тренерите од проектниот тим од сите земји креираа низа на предавања и материјали за следниве три теми: Двојни кариери во тенис (искуства, практики и предлози), Физичка, техничка и тактичка подготовка во тенис и Менаџирање на спортски клубови.

Во рамките на практичните активности, од страна на тренерите беа презентирани основните елементи во тенисот и сите присутни деца и спортисти имаа можност да ги пробаат и да играат тенис. Во вториот дел од практичните активности беа организирани пријателски натпревари меѓу тенисерите од ТК „Астибо“ и ТК „Нет“. Победниците добија сертификат за учеството и пригодни награди.

Во рамките на проектот, а за целите на спортските натпревари, обезбедена е опрема за тенис – тениски рекети, топчиња, маркери и сл. По завршувањето на проектот, истите ќе им бидат отстапени на користење на студентите на УГД, односно за потребите на наставата  и на студентите по Спорт и рекреација.

Носител на проектот е Спортскиот клуб „ДЕМА“ - Софија (Бугарија). Како партнери во проектот, покрај Универзитет „Гоце Делчев“, вклучени се и Спортски клуб „Политехна“ (Романија) и претставници од Универзитетот во Букурешт, Спортски клуб „Лаврио“ (Грција) и Тениски клуб „Блунденз“ (Австрија).

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com