Државните студентски спортски натпревари се во завршна фаза, а Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип наредната недела ќе биде домаќин на финалните натпревари во одбојка, во машка и во женска конкуренција. Тогаш ќе бидат прогласени и најдобрите во овие конкуренции.
Имено, државните студентски натпревари се играат во кошарка, одбојка, футсал, како и поединечно во шах и во пинг-понг. Студентите од УГД постигнаа одлични резултати, а се предводени од професорите по Спорт и рекреација, м-р Ване Барбареев и м-р Љупче Нехтенин.
Во прилог се дадени постигнатите резултати на студентите од УГД во футсал и во одбојка:
Во футсал:
Универзитет „Гоце Делчев“ ‒ Универзитет на Југоисточна Европа 8:6
Во одбојка во женска конкуренција:
Универзитет „Гоце Делчев“ ‒ Универзитет „Св. Климент Охридски“ 2:0
Универзитет „Гоце Делчев“ ‒ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 2:1
Во одбојка во машка конкуренција:
Универзитет „Гоце Делчев“ ‒ Универзитет „Св. Климент Охридски“ 2:0
Наредната недела УГД ќе биде домаќин на финалните натпревари во одбојка, во машка и во женска конкуренција, кога ќе се доделат и наградите на најдобрите спортски екипи.
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com