Студенти и вработени, претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и годинава учествуваа на Трката на поезијата во Струга.
Во конкуренција на над 600 учесници, 15-тина претставници на УГД (од 30-тина кои се пријавија, но и откажаа) настапија на трките на 5 и 10 километри. Екипно, УГД постигна успешни резултати – во женска конкуренција претставничките на УГД екипно го освоија 6. место, а во машка конкуренција 7. место.
Трката на поезијата во Струга има и предзнак на грижа за децата со ретки болести, со мотото „Ретко е да си редок“.
Организацијата на учеството на УГД на Трката на поезијата во Струга беше на Спортскиот и рекреативен центар на УГД, а претставува продолжување на традицијата на учество на вакви настани. И за наредниот период од Спортскиот центар се најавува учество на планинарски рекреативни тури, како и на трки кои се организираат во градовите низ Македонија.
Студенти и вработени на УГД трчаа на Трката на поезијата во Струга
- Details
- Hits: 590