Недела, Декември 22 2024
Следете нè

(Видео) 13. Туристичко-гастрономска изложба на Факултетот за туризам и бизнис логистика

Факултетот за туризам и бизнис логистика по 13. пат ја одржа традиционалната „Туристичко-гастрономска изложба“. Овој пат на отворено во хотел „Аполонија“ се претставуваше традиционална храна и беа изложени експонати за развивање на алтернативните форми на туризмот во овој регион.

Покрај голем број студенти на настанот се обратија и проректорот проф. д-р Мишко Џидров,  деканот на Факултетот за туризам и бизнис-логистика проф. д-р Татјана Бошков, продеканот доцент д-р Наташа Митева, раководителот на Наставниот центар проф. д-р Марија Магдинчева-Шопова, поранешни декани, претставници на хотел „Аполонија“, студенти од факултетот.

Факултетот им додели благодарници на сите заслужни за организирање на овој настан. „Гастрономска изложба“ на ФТБЛ во Гевгелија е настан на кој се презентира традиционална храна подготвена на модерен начин, бизнис-идеја за развој на културниот туризам или друг вид туризам, фотографии на стари традиционални јадења и стари предмети, артефакти и традиционални носии од регионот и државата. Во организацијата и сите активности учествуваат студентите на организирани работилници, пред одржувањето на изложбата, со цел поттикнување на развојот на специфичните форми за развој на туризмот во Општина Гевгелија, со посебен осврт на културниот туризам и традицијата.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com