Петок, Март 29 2024
Следете нè

Објавен најновиот број на весникот Студентско Ехо

Студентско ЕХО е списание на студентите по новинарство и односи со јавноста на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Неодамна тие го објавија своето 22 издание.

Во него може да се прочита за актуелни теми како што се: дезинформациите, лажните вести и како да се заштитиме од нив, како да го преживеете факултетот доколку сте интровертна личност, за јавниот превоз на студените, за студентските искуства на студенти во САД и многу други теми.

Првиот број на овој весник излезе 2011 година и оттогаш излегува редовно четири пати во текот на една студиска година и бесплатно се дистрибуира до сите студенти. Универзитетското студентско собрание го помага издавањето на весникот. Од неодамна излегува само електронски и најновиот број може да се најде на следниот линк

https://coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br22.pdf