Студентите на УГД во рамките на активностите во Универзитетскиот спортски и културен центар учествуваа на планинарска активност и скијање на Попова Шапка.
Околу 25 студенти имаа можност да ги научат основите на скијањето, како и ориентација во планина.
Универзитетскиот спортски и културен центар често организира настани во кои учествуваат студенти, но и вработени. Следниот планиран настан е трка и маратон во Кавадарци, каде што се пријавени околу 30 студенти и вработени од УГД.
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com