Име и презиме: Мартин Алексов
Факултет и студиска насока: Правен факултет, насока Правни студии.
Тековна професија: Денес сум сопственик и управител на две фирми од кои едната се занимава со производство на лична заштитна опрема, поточно заштитни маски од типот IIR, FFP2 и FFP3, а другата е во областа на органски природни пијалаци врз база на ѓумбир. Дополнително, како магистер во областа на индустриско право се водам како експерт во истата област и им помагам на компаниите во Европа во стратегиите за заштита на трговските марки и индустрискиот дизајн.
Животно мото: Сѐ се случува со причина. Верувајте во себе и во своите инстинкти. Опкружете се со луѓе што ве буткаат нагоре и ослободете се од негативните енергии. Главата горе и борба. Бидете свесни дека и доброто и лошото поминуваат, а сѐ во животот е искуство. Повеќе насмевки, помалку зборување и никогаш откажување од зацртаната цел. Не заборавајте дека животот е процесот до постигнување на вашите цели, а не самата цел.
Мојот рецепт за успех се состои од: Љубов, работа, работа и работа.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Најголем предизвик си бев себеси. Верувам дека кога човек ќе се запознае себеси и ќе почне да владее со своите позитивни и негативни страни, сите останати неправди, измами, нелојална конкуренција, дискриминација и погрешни луѓе стануваат нормални и очекувани препреки во работата и животот. Од денешна перспектива, среќен сум што се соочив со истите премногу млад. Секој предизвик е нова лекција која ќе ве прави посилни и поуспешни индивидуи. Колку порано, толку подобро.
Со УГД се дружев: 4 години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Се запишав на Правен факултет затоа што знаев што сакам да учам и беше чекор до мојата цел за која работам.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Учев во Штип, најубавиот град во Македонија. Студирав на универзитет кој беше нов, полн со желба за напредок и созревање, со цел еден ден да биде најдобриот универзитет во нашата држава. Учев од најдобрите професори во државата и уште подобри асистенти кои подоцна ми станаа професори, а денес и мои големи пријатели.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Во првите години посетував адвокатска канцеларија, а потоа бев вонреден студент и немав обврска да посетувам пракса, но токму тие години почнав да работам на себе и на своите цели.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Професорката Борка Тушевска ми го покажа правецот. Професорката Кристина Мишева ми помогна да ја донесам одлуката. Уште еднаш, им благодарам.
Мудрост споделена од професор (професорка) на предавања која ми остави најголем впечаток во животот: Никогаш нема да го заборавам испитот по предметот Трговско право кај професорката Борка Тушевска и разговорот по испитот. Тој ден, на дваесет години, конечно знаев како понатаму во мојата кариера.
Книга, видео, поткаст или настан кој би им го препорачал на другите: Би ви препорачал неколку коишто имаат силно влијание во мојот живот и кариера – „Какви му се мислите на човека” – Џејмс Ален, „Медитации” – Марко Аурелиј, „Човековата потрага по смисла” - Виктор Е. Франкл, „7 навики на успешните луѓе” – Стивен Кови, „Клубот 5 наутро” од Робин Шарма и секако „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери за сите принцови и принцези што го читаат ова.
Совет за младите како идни студенти: Никогаш не е доволно. Секогаш можете подобро. Бидете уште повеќе посветени, поставувајте повеќе прашања, дружете се повеќе со професорите и колегите и учете за 12-ка, за кога ќе добиете 10-ка да не ви биде криво.
За повеќе информации за можностите кои ги нуди УГД, посетете ја нашата веб страна: https://www.ugd.edu.mk/index.php
Повеќе успешни приказни од студентите на УГД може да најдете на следниов линк:
https://life.ugd.edu.mk/index.php/studenti
Детални информации за студиската насока и факултетот се достапни на следниов линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/pravni-studii.pdf
Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka