Петок, Април 26 2024
Следете нè

(Видео) 30 студенти од Европа на работилници во УГД

30 студенти од 6 држави од Европа се дел од работилници на УГД на тема „Peacebuilding” во рамките на проект од Еразмус+ програмата.

Тренингот се одржува една недела, а предавачи се проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Мишко Џидров, проф. д-р Билјана Попеска, Милкица Миленкоска и Сања Максимова.

  • Ќе разговараме, ќе споделуваме искуства, зашто доаѓа до недоразбирања меѓу нас како индивидуи, меѓу народи, нации и држави. Идејата е да разбиеме некои стереотипи, да се запознаеме подобро и да ги запознаеме вредностите што ги има секој од нас без разлика кој од каква држава доаѓа. Веројатно најголемата вредност е тоа да работиме на разбивање на предрасудите и стереотипите - изјави проф. д-р Кирил Барбареев.

Работилницата ќе се одржува седум дена во просториите на Кампус 2 на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. 

Во текот на овие 7 дена студентите и младите, покрај можностите за размена на искуства и дружење, ќе имаат можност и да се запознаат подобро со следниве теми: конфликт, причини за конфликт, начини на решавање на конфликт, улогата на младите во градењето на мирот и друго. 

Во продолжение погледнете ги и изјавите од студентите кои се присутни овде и нивните искуства од работилницата до сега.