Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Јавен повик за студенти

Шест студенти ќе имаат можност да бидат дел од Правната клиника на Правниот факултет при УГД. За потребите на проектот „Мобилна правна клиника“, поддржан од Министерството за правда, објавен е Јавен повик за ангажирање на шест студенти. Ќе бидат формирани три тима за обезбедување на правна помош.

Целта на овој проект е да овозможи ефективна заштита на човековите права и зголемен пристап до правда на поединци и семејства со ниски приходи, приматели на социјална помош и маргинализирани групи. Студентите кои ќе учествуваат во проектот ќе нудат бесплатна правна помош на споменатите категории на граѓани, преку организирани теренски посети во руралните средини во општините Штип, Карбинци и Чешиново Облешево. Притоа граѓаните ќе можат да поставуваат прашања или да ги посочат нивните проблеми од областа на правото.

Потребни квалификации

Студентите ангажирани во Мобилната правна клиника треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

- Да имаат запишано најмалку IV семестар на правни студии,

- Просек од претходната учебна година најмалку 8 (осум),

- Интерес за вклучување во активноста за обезбедување бесплатна правна помош.

Временска рамка и надомест

Проектните активности ќе бидат спроведени во период од 1 септември 2022 година до 31 декември 2022 година. Конкретните датуми за спроведување на теренските посети дополнително ќе бидат договорени со раководителот и членовите на мобилната правна клиника.

Верзија 01 Ознака: СМК.ОБ.02 Страница 2 / 2

Избраниот кандидат ќе има вкупен ангажман од 3 (три) дена.

Надоместокот за еден ден не може да биде поголем од 1.300,00 денари.

Постапка и правила за избор на кандидати, рок и избор

Заинтерeсираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да поднесат:

- Кратка биографија (ЦВ) и

- Мотивациско писмо.

Потребните документи треба да се достават во електронска верзија на е-пошта This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака - Апликација за Мобилна правна клиника.

Рокот за аплицирање е најдоцна до 22.9.2022 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката за пријавување. За дополнителни прашања во врска со Повикот можете да се обратете на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..