Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Кариерен ден на 25 август – подобрете ги вештините за креирање CV, мотивациско писмо, интервју за работа

Мотивациско писмо, квалитетно и издржано CV, однесување и приод кон интервју за работа, се моменти на кои треба да се посвети внимание при излегувањето на пазарот на трудот и барањето на работа. УГД заедно со WUS (World univericty service) на 25 август организира Кариерен ден, на кој ќе бидат споделени информации токму во насока на подобрување на овие вештини.

Дали сакате подобро да се квалификувате за вашата прва работа? Не знаете од каде да започнете и кои вештини се навистина потребни? Тогаш оваа програма е за вас!

Почитувани студенти, со задоволство ви ја претставуваме Career Transition Support Macedonia програмата за подобрување на вашите вештини за аплицирање на работни места по ваш избор. Оваа програма ќе ви овозможи да ги подобрите вашите вештини (да креирате одлично CV, мотивациско писмо и симулации за вашето прво интервју).

Можат да учествуваат сите кои сакаат да го зголемат своето знаење за тоа што се е потребно за една апликација да биде успешна.

Доколку вашиот профил одговара на нашето барање ве покануваме да ни се придружите на Кариерниот ден, кој ќе се одржи на Економски факултет на Универзитет „Гоце Делчев“  - Штип.

Сите заинтересирани можат да се најават на овој линк: https://tinyurl.com/3bj8mvzm