Четврток, Април 25 2024
Следете нè

Кариера.мк платформа за пракса и вработување на студенти

www.KARIERA.mk е активна платформа која нуди преглед на актуелните огласи за работа и пракси во Македонија и регионот и останати можности за неформално образование, со што цели компаниите да пронајдат најсоодветен кадар.

KARIERA.mk е млад и професионален тим кој со задоволство сака да ги вклучи и студентите во сите свои активности и да ги доближи можностите за работа и пракса и на студентите од Универзитет „Гоце Делчев“.

KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе ти помогне да напредуваш во твојот професионален развој. Секој кандидат ќе може да си креира свој профил со прикачување на своето CV и со само еден клик на копчето Аплицирај да се пријави како заинтересиран за определено работно место, пракса или стипендија.