Име и презиме: Дејан Михајлов
Факултет и студиска насока: Правен факултет, насока Правни студии.
Тековна професија: Магистер по правни науки од областа на казненото право со положен правосуден испит.
Место на вработување: Основно јавно обвинителство - Штип.
Животно мото: Fiat iustitia, et pereat mundus (Нека биде задоволена правдата, дури и светот да исчезне).
Позиција на која работам денес: Стручен соработник по казнено право.
Мојот рецепт за успех се состои од: Јасно дефинирана цел и посветеност на работа кон целта.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Сè уште чекорам по патот кон професионален успех кој е исполнет со многу предизвици, но предизвикот да учиш и да се надоградуваш во текот на целиот живот е еден од најголемите.
Со УГД се дружев: 4 години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Желбата за право ми се појави во текот на гимназиските денови, а сега можам да кажам дека да се биде правник значи да се биде човек за кого правото е идеја за правда.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Квалитетната настава и квалитетниот стручен кадар се клучните алки од мојата академска приказна. Компетентните професори, нивната истрајност и посветеност, како и одличната соработка и комуникација со нив, се главните предности на студиите на УГД
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Основно јавно обвинителство Штип, каде што ми се роди желбата за казненото право, што всушност и на некој начин ми го отвори патот да бидам дел од оваа институција денес.
Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Сите професори кои несебично го споделуваа своето знаење и искуство имаа голем импакт за мојот развој, но исто така огромно влијание за развој на успешна кариера кај мене имаа деновите на симулирано судење кои се одржуваа под менторство на професорката Елена и професорката Олга.
Совет за младите како идни студенти: Заборавете го минатото, фокусирајте се на сегашноста, а работете на иднината. Поставете јасно дефинирани цели и бидете упорни и решителни кон исполнување на истите.