Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Мојот пат кон успехот со УГД – Никола Крстев

Име и презиме: Никола Крстев

Факултет и студиска насока: Факултет по информатика, програма  Компјутерски науки.

Тековна професија:
„Backend“ програмер.

Место на вработување:
Моментално работам како „backend“ програмер во Pixyle.ai, една од најинтересните и брзорастечки компании во Македонија.

Животно мото:
Нешто во што многу верувам е дека напредокот се состои од мали постојани подобрувања, наместо нагли поголеми скокови кон успех.

Позиција на којашто работам денес:
„Backend“ програмер во Pixyle.ai.

Мојот рецепт за успех се состои од:
Мислам дека најважна компонента е дисциплината. Како што вели реченицата „Рим не бил изграден за 1 ден", мислам дека не треба да брзаме кон брз успех, туку постепено, со мал инкремент, да се подобруваме. На крајот од денот, одличното се состои од множество ситници направени правилно.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:
Сѐ уште сум на патот, не верувам дека успехот е постигнат, но барем мислам дека сум на добар пат. Предизвици допрва ќе има, а најголем предизвик до сега дефинитивно ми беше да се пронајдам себеси професионално. Под ова мислам, од многуте опции и насоки кои постојат во светот на ИТ, да ја најдам вистинската во која сметам дека можам да напредувам и во која можам да дадам вистински придонес.

Со УГД се дружев:
4 години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:
Како 18-годишник немав најјасна претстава за мојата професионална иднина, а програмата ми изгледаше како најотворена и како да ги покрива сите страни од ИТ светот. На некој начин, мислам дека сакав да знам од сѐ по нешто пред да се одлучам за поспецифичен професионален правец.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:
Нешто што е огромна предност на УГД, или барем на Факултетот за информатика, е достапноста на професорите. Сите професори и асистенти кои сум ги имал секогаш биле достапни и подготвени да помагаат и да потрошат дополнително време за да се дообјасни и разбере материјалот.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Мислам дека е невозможно да се истакне едно одредено нешто, помошта околу развој доаѓаше од сите правци.

Мудрост споделена од професор на предавања која ми остави најголем впечаток во животот: Нешто што секогаш ќе го паметам од предавање е дека светот во ИТ се менува толку брзо, што наместо да се фокусираме на конкретни технологии, поважно е да ги сфаќаме принципите и да знаеме како да се снаоѓаме во околина која се менува со вртоглава брзина.

Книга, видео, поткаст или настан кој би го препорачал на другите:
Книги што ги препорачувам секому се трилогијата „Девојката со тетоважа на змеј" од Стиг Ларсен. Дополнително, како македонска литература ги сакам романите на Венко Андоновски.

Совет за младите како идни студенти:
Нешто што сметам дека мене ми помогна е што фокусот секогаш ми бил да ја разберам материјата пред да размислувам за оцена или бодови. Овој начин можеби е побавен или звучи клише, но многу помага ако може лесно да се сетите на материјалот од прв семестар во моментот кога истите компоненти се споменуваат во шести семестар. Исто така, ако можете да објасните нешто во едноставни зборови, многу веројатно оценките ќе дојдат сами по себе.


За повеќе информации за можностите кои ги нуди УГД, посетете ја нашата веб-страница: https://www.ugd.edu.mk/index.php

Повеќе успешни приказни од студентите на УГД може да најдете на следниов линк:

https://life.ugd.edu.mk/index.php/studenti

Детални информации за студиската насока и факултетот се достапни на следниов линк:  

http://fi.ugd.edu.mk/studii/prvCiklus 

Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк:

https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka