Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Обуки за тоа како да креирате CV, мотивациско писмо и симулација на интервју

Програмата Career Transition Support Macedonia е начин за подобрување на студентските вештини за аплицирање на работни места кои им одговараат на студентите. 

Оваа програма ќе ви овозможи да ги подобрите вашите вештини (да креирате одлично CV, мотивациско писмо и симулации за вашето прво интервју). Можат да учествуваат сите кои сакаат да го зголемат своето знаење за тоа што сѐ е потребно за да биде успешна една апликација.  Доколку вашиот профил одговара на нашето барање ве покануваме да ни се придружите на Кариерниот ден, кој ќе се одржи на 27 јуни 2022 г., се вели во повикот од организаторите до студентите.  

Сите заинтересирани можат да се пријават на https://tinyurl.com/careerday-UGD-Shtip