Име и презиме: Лолита Спирова
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, студент на втор циклус студии на студиската програма Безбедност на храна.
Тековна професија: Дипломиран инженер прехранбен технолог, онлајн фитнес тренер и технолог нутриционист во „Лолита Спирова“.
Животно мото: „Јас сум здрава, храбра, убава и горда на себе! Јас сум мотивирана и решена да ги остварам моите соништа’’.
Позиција на која работам денес: Технолог нутриционист и фитнес тренер.
Мојот рецепт за успех се состои од: Секој постигнува свој успех во свое право или вистинско време. Рецептот за успех нема душа, ние како луѓе мора да внесеме душа во рецептот за успех. Тоа се четири професии во кои јас внесувам душа во мојот рецепт за успех: труд, амбиции, посветеност и позитивност. Имаш концепт и нема начин да не успееш.
Најголемите предизвици на патот кон успехот ми беа: Предизвици имаме секогаш. Јас сакам да имам предизвици и навистина без нив животот би ми бил монотон. Но јас сѐ уште имам работа. Сѐ уште го одам тој пат за да го достигнам успехот, но барем почнав од некаде. Јас верувам дека секојдневно сите имаме желба за да се надградуваме со нови знаења и успеси.
Со УГД се дружев: 6 години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Сакав да создадам нова и подобра храна, гледајќи како готвењето го менува готвачот, исто како што ја трансформира и храната. За да ги збогатам моите знаења, пракса и искуства јас се запишав на втор циклус студии на Земјоделски факултет, студиска програма Безбедност на храна при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Како клучна предност на студентите на УГД ги издвојувам: Моите професори и асистенти на Земјоделски факултет. Нивното знаење, достапност, посветеност и секојдневниот труд, а и времето што го вложуваат во нас студентите. Секогаш се со нас за да ни дообјаснат и да го разбереме материјалот, а тоа е најголемата предност која може да ја има еден студент.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Благодарение на моите професори, навистина имав одлична соработка, практична работа и изведување на лабораториски анализи во УНИЛАБ лабораторија на Земјоделски факултет. Секоја проектна задача беше резултат од анализите што ги правевме и добивавме во лабораторија. Праксата што ја остварувам на Земјоделски факултет до ден-денес ја применувам и во мојата работа, користам идеи и знаење.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогнаа: Мојата професорка, мојот ментор, проф. д-р Биљана Балабанова, која секогаш ми дава искрени совети, поддршка и несебично го споделува нејзиното знаење и искуство. Овде сакам да ѝ се заблагодарам и на мојата мајка, која ми ја даде најголемата поддршка и ми ја дава до ден-денес. Мојот најголем мотиватор и сопатник во секое време од моите студии е мојот партнер.
Совет за младите како идни студенти: Сѐ е возможно, само бидете посветени, не се откажувајте од своите идеи, соништа и поставени цели. Со љубов, труд и посветеност се постигнуваат сите цели во животот.
Мојот пат кон успехот со УГД - Лолита Спирова
- Details
- Hits: 2517