Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Сведоштво на Беба Бајрамовска – една од најдобрите студентки на ФТБЛ

Факултетот го претставува почетокот, а во текот на животот самите одлучуваме каков ќе ни биде врвот.

Како дел од најуспешните студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика, студент во трета година на катедрата бизнис логистика, можам со сигурност да кажам дека овој факултет е вистинското место доколку сакате да инвестирате во себе, како на професионален, така и на личен план.

Својата приказна ја започнав знаејќи дека бизнисот, менаџментот, како и самата логистика се едни од најважните двигатели на глобалната економија, а пак ФТБЛ, нудејќи најразлични можности, гарантира стекнување на сите вештини и компетенции кои ќе ви овозможат да бидете атрактивна прилика на пазарот на трудот, кој понекогаш знае да биде доста суров и компетитивен.

Моите амбиции и желби, благодарение на ФТБЛ веќе одамна се насочени кон областа на маркетинг и менаџмент, од причина што тоа е една креативна и динамична индустрија каде работата никогаш нема да престане.

Една од бројните стратегии за развој на ФТБЛ, е поддршката на успешните и талентирани студенти, односно нудење на пракса, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

Најпрвин, благодарение на знаењата стекнати за време на студиите, бев дел од регионална консалтинг фирма, каде бев ангажирана на најразлични проекти, работилници и специјализирани активности кои беа од огромно значење за мојот професионален и личен профил.

По ова, следеше и три месечна платена пракса во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), во секторот за маркетинг и односи со јавност, каде ми беше  овозможено да стекнам многу искуства, вештини, но и да научам многу за странските инвестиции во слободните зони, како и да запознаам многу нови луѓе од бизнис секторот.

По успешно завршената пракса, која всушност е витален фактор за понатомошна конкурентност и предност, добив понуда за работа која воедно беше и прифатена, едноставно поради тоа што сите мои стекнати искуства, вештини и знаења благодарение на ФТБЛ, беа од огромно значење за продолжување на кариерата во оваа реномирана институција, една од ретките која нуди поддршка за младите преку пракса.

Оттука, можам слободно да ја потврдам агилностаи професионалноста на ФТБЛ како институција која изобилува со високо квалитетни професори, бидејќи сите програми кои се понудени ги следат новите трендови во светот, со што и секогаш се дава поддршка на амбициозните и квалитетни студенти, давајќи им шанса за супериорност.

Како студент кој постојано учи и напредува, сметам дека единствениот пат кој може да даде брзи и ефективни резултати е исправниот однос кон целта што сакаме да ја постигнеме, како и поставувањето цврсти темели врз кои треба да се гради сета успешност.