Тројца студенти од УГД се на практична настава во Турција и за среќа се безбедни. Универзитетот „Гоце Делчев“ во моментот на земјотресот во Турција имаше тројца студенти кои беа на студиска пракса.
- Според нашите информации сите тројца студенти се добри, еден од нив како што знам е вратен веќе во Македонија, а двајцата ги контактиравме и се наоѓаат во добра состојба. Универзитетот ги нуди сите расположливи капацитети да им помогне на своите студенти доколку тоа биде потребно - рече ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.
Студентската организација на студентите по медицина СОМА даде иницијатива за приспособување на термините за полагање испити за студентите од Турција кои студираат на УГД, а имаат потреба да се вратат дома кај своите семејства.