Делегација од Универзитет „Гоце Делчев“, предводена од ректорот проф. д-р Блажо Боев, проректорот за развој, инвестиции и одржување проф. д-р Дејан Мираковски и проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров, денес положи свежо цвеќе на споменикот на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев пред Ректоратот на УГД.
Во дворот на сегашниот Ректорат на УГД традиционално се одржува одбележувањето на годишнината од смртта на македонскиот револуционер.
Во истиот објект Гоце Делчев учителствувал во времето кога престојувал во Штип, а во објектот УГД има спомен-соба во која се поместени документи, фотографии, училишни клупи, оружје, кои сведочат за делото на големиот револуционер. Универзитетот од своето основање со гордост го носи името „Гоце Делчев“.
Во рамките на одбележувањето свежо цвеќе денес положија и претставници на институции кои го носат неговото име, политички партии, политичари и други релевантни организации.