Недела, Декември 22 2024
Следете нè

(Видео) УГД одбележа 120 години од смртта на Гоце Делчев

Универзитетот „Гоце Делчев“ со настан во дворот на Ректоратот ја одбележа 120-годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев. Одбележувањето беше заедно со Општина Штип, а присутни беа голем број на граѓани, како и професори, студенти и асистенти од Универзитетот. На настанот имаше беседа за Гоце Делчев, настап имаше македонскиот баритон маестро Борис Трајанов, како и музички настап на студенти од Музичката академија на УГД.

  • Ние со гордост го носиме името на најголемиот македонски револуционер, а одбележувањето денес се случува во училиштето каде што тој учителствувал. Се надеваме дека достојно ќе ја продолжиме неговата учителска дејност - изјави денес на настанот ректорот на Универзитетот проф. д-р Дејан Мираковски.

Одбележувањето се одржуваше заедно со Општина Штип, а свежо цвеќе на спомен-релјефот на Гоце Делчев положија делегации од општината, институции од регионот, како и многу граѓани.

  • Оваа година заеднички го организираме одбележувањето на 120-годишнината на најголемиот македонски великан Гоце Делчев. Сметам дека на најдобар начин ќе дадеме признание на овој великан ако сите заеднички се бориме за самостојна независна и економски развиена Македонија - изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Во рамките на одбележувањето хорот на Музичката академија ја интонираше националната химна, се читаше беседа за Гоце Делчев, а маестро Борис Трајанов и Елена Силјановска изведоа тема за пијано од Трајко Прокопиев насловена „Смртта на Гоце Делчев“. Универзитетскиот ансамбл „Македонија“ имаше вокално-инструментален настап со песни за Гоце.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com