Петок, Декември 20 2024
Следете нè

(Видео) 15 години Универзитет „Гоце Делчев“

УГД денес одбележа 15 години од основањето. Со оглед на состојбата се направи настан на отворено, пред зградата на Ректоратот, каде што беа присутни речиси сите ректори на сите универзитети во државата, како претставник на Владата на РСМ беше присутен министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, првиот ректор на УГД проф. д-р Саша Митрев, претседателот на Националниот совет за високо образование и наука професорот Тодор Серафимовски, како и студентите и вработените на УГД.  

  • 15 години УГД - Штип, тоа е една идеја на многу генерации од овој регион. Остварена е со сите атрибути на еден универзитет, на една модерна установа која им нуди иднина на младите. Оваа установа нуди компетенции за животот. Ова е една од подобрите работи што можеле да му се случат на градот. Не е исто да имате и да немате универзитет. Ова е Универзитет кој се карактеризира со отвореност. Се надевам дека во иднината што доаѓа ќе дојдат и странци на Универзитетот, не само да студираат, туку и да предаваат - изјави на настанот ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Сите претставници положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во дворот на Ректоратот, а ректорот на УГД прими благодарници од неколку универзитети во државата. Одбележувањето на патрониот празник продолжува денес и утре со спортски натпревари меѓу студентите на Универзитетот во Спортската сала „Јордан Мијалков“.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com