Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Филолошки факултет организира предавање за почетоците на кинематографијата

Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип организира предавање за почетоците на кинематографијата со наслов „What we are talking about when we talk about cinema“.

Предавањето ќе се одржи на 7 март 2023 г., со почеток во 12 часот, во свечената сала на Факултетот за образовни науки во Штип. Гостин-предавач е проф. Марко Пешетели, аташе за култура при Амбасадата на Република Италија и доктор на науки од областа на кинематографијата.
Предавањето ќе се одржи на англиски јазик во присуство на преведувач. Во рамките на настанот ќе биде доставена и донација на  книги која Амбасадата на Република Италија ја доделува за потребите на студентите на Филолошки факултет.