Петок, Април 26 2024
Следете нè

Ин мемориам

Душко Гојковиќ е веројатно највлијателниот џез музичар на светската сцена кој потекнува од балканските простори. Неговата изведувачка и композиторска активност од речиси седум децении остави белег и влијаеше на развитокот на бројни надежни, а потоа и успешни артисти од двете страни на Атлантикот. Звукот на неговата труба поседуваше уникатна лирика, а неретко инспирација наоѓаше во македонската музичка традиција и нејзините специфики. Тој почина на 5 април годинава. 
За неговиот особен уметнички придонес на светската музичка сцена и афирмација на македонската традиционална култура, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип му додели почесен докторат во 2016 година. Титулата му беше доделена од тогашниот ректор д-р Блажо Боев на церемонија на која присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов.