(Видео) Објавен конкурсот за упис на студенти на УГД во академската 2023/24 година

Од денес (5 јули) е отворен системот за електронско аплицирање на заинтересираните средношколци за запишување на УГД, објави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски на прес-конференција. Годинава, на Универзитетот „Гоце Делчев“ има слободни вкупно 3982 места. Од нив, за редовни студенти во државна квота се 2236, 976 редовни со кофинансирање и 770 вонредни студенти.

Првиот уписен рок е на 21, 22, 23 и 24 август, вториот на 6 и 7 септември, а третиот на 18 и 19 септември. Заинтересираните за упис веќе можат да аплицираат преку електронската платформа на веб-страницата на УГД, а оригиналните документи ќе ги достават во деновите на уписот.

Се очекува најголем интерес да има повторно за Факултетот за медицински науки, а се зголемува и бројот на студиски програми на англиски јазик.

И годинава, УГД ќе ги ослободи од плаќање партиципација во прва година најдобро рангираните кандидати на факултетите (бројката е различна во зависност од големината на факултетот).

На прес-конференцијата ректорот Мираковски се осврна и на шпекулациите за наводна хиперпродукција на лекари на Факултетот за медицински науки, потенцирајќи дека тоа е далеку од вистина.

Комплетната прес-конференција можете да ја видите во видеото во прилог.