Сабота, Април 20 2024
Следете нè

Втор уписен рок на УГД на 9 и 12 септември

Во петок (9 септември) и понеделник (12 септември) ќе се реализира вториот уписен рок на факултетите и академиите на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Вкупно има 2961 слободно место, од кои 1539 за редовни студенти во државна квота, 808 во квотата со кофинансирање и 614 за вонредни студенти.

Најмногу интерес во првиот рок имаше за насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, каде што веќе нема слободни места ниту во редовно студирање државна квота, ниту во квотата со кофинансирање. Места има на насоката Општа медицина, програма на Англиски јазик, како и на сите други останати насоки.

Условите и критериумите за запишување се истите како и во првиот уписен рок, а документи можат да се поднесат на приемните пунктови во центрите на УГД во Штип, Скопје, Кавадарци, Струмица и во Гевгелија.

Конечните резултати од вториот уписен рок ќе бидат објавени на 16 септември, а запишувањето на примените кандидати на 19 и 20 септември.

Третиот уписен рок е предвиден за 21 и 22 септември.

Линк до УПИСИ 2022