Петок, Декември 20 2024
Следете нè

(Видео) Амбасадорот на Италија во посета на УГД

Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри, денес оствари средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев и со деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Кузмановска и со наставниот кадар и студентите од Катедрата за италијански јазик и книжевност.

На средбата се договорија идни соработки меѓу двете институции, но и воспоставување соработка со италијански универзитети.

  • Ние и до сега имаме одлична соработка со Амбасадата на Република Италија, а во иднина планираме да ја прошириме таа соработка со други институции и универзитети од Италија. Како што знаете ние имаме студиска програма и меѓу другите програми доделуваме и десет стипендии за оваа студиска програма - истакна деканката проф. д-р Кузмановска.

Филолошкиот факултет има студиска програма Италијански јазик на која моментално има околу 30 запишани студенти.

  • Задоволни сме од досегашната соработка и ние сме посветени оваа соработка да продолжи и во иднина - истакна амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри.

По средбата амбасадорот оствари средба со студентите и ги запозна со можностите што им ги нуди Амбасадата на Република Италија.

Галерија:

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com

Видео: