Петок, Декември 20 2024
Следете нè

В.Д. амбасадорот на САД во Северна Македонија се сретна со студентите на УГД

Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД во Р Северна Македонија, одржа предавање и средба со студентите на УГД. Мејер се сретна со студентите и одржа кратка презентација на она што Амбасадата на САД во Северна Македонија го прави, а воедно имаше и отворена дискусија со студентите од повеќе факултети во рамките на УГД.

Студентите беа заинтересирани за тоа како функционира правниот систем на САД, за предизвиците со кои се соочува американското општество и за евентуални решенија. Воедно, од Амбасадата на САД беше повторено за можноста што им се нуди на студентите за студиски престој или посета во САД преку многу програми кои ги нуди Амбасадата на САД во Р Северна Македонија.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com