Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

(Видео) Делегација од Стопанската комора во посета на УГД

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, заедно со група извозни компании, вчера беа во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Азески, заедно со делегација од Комората и претставници на неколку компании, го посетија научноистражувачкиот центар во Кампус 2 на УГД, а потоа имаа средба и со сите декани на факултетите на УГД. 

На средбата се разговараше за начините и формите на активно вклучување на науката во градење на конкурентски предности на извозните компании.

УГД и досега има успешни примери на научноистражувачка и стручно-апликативна соработка со бизнис секторот, но таа соработка допрва ќе се продлабочува.

Ние имаме соработка која сакаме да стане уште поинтензивна. Заложба е преку реални проекти заеднички да ја подобриме економијата и секојдневниот живот. Целта е на нашите студенти да им отвориме простор за развој во нашата држава и реализирање на една квалитетна кариера. Ова е само прв чекор и имаме дефинирано неколку полиња на соработка и релативно бргу ќе пробаме да ги реализираме, изјави ректорот на УГД.

Азески, заедно со делегацијата од Стопанската комора, имаа поединечни средби со ректорот на кои присуствуваше и проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет, кој ги презентираше  можностите за идна соработка помеѓу двете институции.

По дефинирањето на целите и методологијата во понатамошниот период, прва посета правиме токму на УГД во Штип. Со тоа ставаме симболично значење дека двете клучни полиња се извозот и образованието на Стопанската комора во иднина. Овие приоритети ќе бидат поставени како највисоки. Воглавно можам да кажам дека кај ректорот наидовме на големо разбирање за нашите позиции. Наидовме на големо разбирање за фактите и бројките кои ќе бидат водич во иднина. Ние не сме сами за себе доволни и предлагаме зголемување на соработката најнапред меѓу бизнисот и високото образование, изјави претседателот на Комората Бранко Азески.

По средбата со ректорот делегацијата имаше состанок и со сите декани на факултетите на УГД, каде имаше дискусија за можностите за соработка кои ги нудат поединечните факултети.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com