Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Двајца професори на УГД добитници на Осмоноемвриското признание на градот Штип

Проф. д-р Дарко Лазаров и проф. д-р Андон Мајхошев, и двајцата професори на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се добитници на највисокото признание на Општина Штип, признанието „8-ми Ноември“.

Традиционално, секоја година Општина Штип доделува признанија за високи достигнувања на луѓе кои се родени и делувале во Штип.

Проф. д-р Дарко Лазаров од Економски факултет на УГД го доби признанието за исклучителен придонес во развојот на бизнис секторот на македонската економија во целина.

Проф. д-р Андон Мајхошев од Правниот факултет го доби признанието за исклучителен придонес во сферата на образованието и правните науки.

Покрај овие две награди беа доделени и други признанија од други области. Д-р Светлана Кордумова-Трајанова за исклучителен придонес во афирмирањето на Штип; проф. Тоше Митров за исклучителен придонес за развојот на музичката култура; примариус д-р Ванчо Органџиски за исклучителен придонес во областа на здравството; Далибор Николовски-Дачо за исклучителен придонес во областа на уметноста и културата; Здружение на акцијаши и волонтери „Пат на младоста – Штип“ за исклучителен придонес во негување на традицијата и волонтерска работа; Бобан Данов за исклучителен придонес во афирмацијата на борењето; Центар за балетска уметност „Арабеск - Штип" за промоција и афирмација на балетската уметност.