Понеделник, Декември 23 2024
Следете нè

Ректор на УГД, проф. д-р Мираковски: Работиме на тоа УГД во следните години да стане енергетски независен

„Универзитетот ꞌГоце Делчевꞌ самостојно работи на креирање на систем за енергетска независност. Почнуваме со зградата на Ректоратот, а догодина ќе го прошириме на уште два други поголеми објекти - Кампус 2 и зградата на Правен факултет (стар Ректорат)“, изјави меѓу другото во интервју за универзитетските медиуми ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Енергетската криза нема да изврши влијание на наставниот процес и студентите нема да загубат од квалитетот на нивното образование, тврди новиот ректор на Универзитетот. Светот и државата влегуваат од криза во криза, но според последните одлуки на Ректорската управа наставата ќе се одвива со физичко присуство, освен во исклучителни ситуации каде што групите се премногу големи.

„Наставата ќе се одвива со физичко присуство, освен оние групи кои се премногу големи, па им се дава можност и за онлајн настава. Проверката на знаење, практичната настава и вежбите ќе бидат исклучиво со физичко присуство“, вели ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Во интервјуто ректорот најави дека Универзитетот во следниот период ќе работи на подобрување на условите за студирање, но и условите за работа на наставничкиот и административен кадар. Според него, во тек се инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат студирањето и работењето на кадарот.

„Особено во време на криза е потребна поголема поддршка за студентите и за нашите вработени. Ние тоа веќе го правиме и ќе продолжиме да го правиме“, вели ректорот на УГД.

Целосното интервју погледнете го во продолжение.