Вторник, Декември 3 2024
Следете нè

Ден на отворени врати на Музичка академија на 7 март

Музичката академија на УГД ги отвора своите врати за сите заинтересирани ученици и нивните родители за да можат да се запознаат со можностите кои ги нуди за студирање.
 Настанот „Ден на отворени врати за учениците од средните музички училишта“ ќе се одржи на 7 март 2023 год. (вторник). Во текот на посетата учениците ќе можат да се сретнат со професорите од сите оддели, како би можеле како потенцијални идни студенти слободно да се информираат околу студирањето, наставните програми, приемниот испит и други информации кои им се потребни околу студирањето.
 Предвидено е настанот да започне во 11 часот, како дел од активностите на Музичка академија за приближување не само до потенцијалните идни студенти, туку и воопшто до јавноста.
 - Ги отвораме вратите на Музичката академија, каде што ќе имаме промоција на 7 март. Сите заинтересирани ќе можат да ја посетат Академијата, да се запознаат со сите оддели, наставни програми, програмата за приемни испити - изјави деканката на Музичката академија, проф. д-р Златка Митева.