Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Професорка од Mузичката академија со учество на престижниот Пролетен фестивал „Interlaken Classics“ во Швајцарија

Насловен доцент по виолина м-р Софија Никоска-Маџароска од Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип настапи на Пролетниот фестивал за класична музика. Станува збор за редовно учество на професорката Маџароска на фестивалот со долгогодишна традиција „Interlaken Classics“ во Швајцарија. Настапот на проф. Маџароска беше со концертен ангажман како дел од „Zachar Bron Festival Orchestra".