Петок, Декември 20 2024
Следете нè

Економски факултет го одбележа Меѓународниот ден на сметководството

Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа Меѓународниот ден на сметководството, со обраќања на претставници на повеќе државни институции пред студентите на факултетот.

- На Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес го одбележуваме Меѓународниот ден на сметководството. Пред студентите се обраќаат претставници на повеќе државни институции – директорката на УЈП, претставници на Народна банка, на приватни фирми, Сојузот на стопански комори, како и на Институтот на ревизори. Економскиот факултет инаку во континуитет соработува со овие институции, со некои од нив веќе има потпишано меморандуми за соработка. Со оние со кои немаме, планираме да потпишеме, во насока на остварување на практична настава за студентите, организирање на заеднички настани како овој, заеднички конференции, учество во проекти – изјави деканката на Економски факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска.

Учесниците на настанот се осврнаа на значењето на сметководството, пред сѐ на тоа дека можностите за остварување на кариера и напредување се големи и дека треба да се разбие стереотипот дека сметководството е здодевна професија.