Scuola di Amministrazione Aziendale (SAA) на Università degli Studi di Torino е формирана како бизнис школа од итало-американски тип со помош на FIAT (Stellantis). Денес е водечка универзитетска институција за образование по бизнис администрација во Торино, која тесно соработува и има напредни двојни дипломи со најдобрите бизнис школи од Европа и САД.
Проф. Д-р Мичо Апостолов, беше поканет како Визитинг Професор во академска 2022/23 година на Scuola di Management ed Economia (која ја управува (SAA)) при Università degli Studi di Torino. Овој универзитет е еден од најпочитуваните високообразовни институции во Италија и во Европа (т.е., според U.S. News & World Report Best Global University Ranking за 2022-23 година на Универзитетот во Торино е рангиран на 85-то место во Европа).
За време на престојот тој беше дел од меѓународните програми за бизнис администрација на Департманот за Менаџмент, каде по покана на Prof. Laura Broccardo, Prof. Erica Varese и Prof. Lorenzo Vasile имаше соработка на предметите поврзани со бизнис организација и логистика.
Програмите за Визитинг Професор се специфична форма на трансфер на знаење, која опфаќа запознавање со културата и начинот на живот на луѓето, како и презентирање на можноста за идна соработка во соодветната научна област. Всушност, ова е одлична можност за претставување на УГД на меѓународната сцена.