Во среда, 7.6.2023 година, во свечената сала на Правен факултет, со почеток во 9:30 часот, под менторство на проф. д-р Татјана Рушковска, редовен професор на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, ќе се одржи семинар на тема „Молекуларни аспекти на исхраната“.
Семинарот е организиран во форма на студентски научен клуб за молекуларна исхрана наменет за студенти од Факултетот за медицински науки, поддржан од Факултетско студентско собрание (ФСС) на Факултетот за медицински науки и Студентски организирана медицинска асоцијација (СОМА).
Семинарот е дел од проектните активности на проф. д-р Татјана Рушковска, член на Macedonian American Alumni Association (МААА), во рамките на поголем проект насловен „Alumni encouraging community services and extracurricular activities“, поддржан од Американската амбасада во Скопје.
На семинарот проф. д-р Татјана Рушковска ќе одржи предавање на тема „Молекуларни аспекти на исхраната – научни достигнувања и перспективи“.
Потоа, студенти од Факултетот за медицински науки, под нејзино менторство, ќе се претстават со свои презентации за различни молекуларни механизми и интериндивидуални разлики во однос на исхраната.
„Молекуларни аспекти на исхраната“ – семинар за студентите на Факултетот за медицински науки
- Details
- Hits: 678