Петок, Декември 20 2024
Следете нè

Во Штип ќе се одбележи Националниот ден на НР Кина

Националниот ден на Народна Република Кина ќе биде одбележан во Штип. Одбележувањето ќе се случува во Уметничката галерија „Безистен“ во четврток, 15 септември, во 12 часот.

Во „Безистен“ ќе се одржи Свечена академија, на која ќе се обратат директорот на НУ Завод и музеј – Штип, Митко Штерјов, проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, како и претставник на Општина Штип.

Гости на Свечената академија ќе бидат и амбасадорот на Народна Република Кина во РСМ, Н.Е. Џанг Ѕуо и Љупчо Маленко, претседател на Македонско-кинеско здружение за пријателство и соработка. Тие, исто така, ќе имаат свое обраќање.

Во уметничкиот дел од одбележувањето ќе настапат проф. Златка Митева – флејта, проф. д-р Бранко Павловски – кларинет и проф. м-р Наташа Трбојевиќ – пијано. Ќе  биде отворена и Уметничка изложба на Друштвото на ликовни уметници на Штип.