Атлетска трка „November run Gevgelija“ – УГД и годинава со свои претставници

УГД беше дел и од најновото издание на Атлетската трка „November run Gevgelija“, која се одржа во неделата, 6 ноември. И покрај дождливото време, над 900 лица учествуваа на трките на 10 и 5 километри низ улиците на Гевгелија, по патека која беше малку изменета од минатогодишната. Годинава беше организирана и трка за најмладите, која се одржа ден порано.

Иако со помала масовност од лани, УГД имаше претставници во двете конкуренции. Одлични времиња на 10 километри постигнаа професорите Мишко Џидров, Кристина Мишева и Елизабета Каракашева, како и студентката Викторија Стојанова-Велинска.

На трката на 10 километри во женска конкуренција беше поставен нов рекорд на трката, Адријана Поп Арсова со 34.02 го надмина минатогодишниот резултат.

Во машка конкуренција на 10 километри најдобар беше Муса Хајдари од Албанија.

На 5 километри најбрза кај жените беше Магдалена Станковска од Македонија, а кај мажите Астрит Кирезиу од Косово.