Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Катедрата по флејта на Музичката академија со учество на Фестивалот „Flauta & me“ во Нови Сад

Од 22 до 24 април 2023 година во Културната станица „Свилара“ во Нови Сад се одржа 2. Меѓународен фестивал за професори и студенти „FLAUTA & ME“ на кој учествуваа сите музички академии од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Катедрата по флејта под раководство на проф. м-р Златка Митева, заедно со пијанистката проф. м-р Наташа Трбојевиќ, студентката Биљана Биљарска, композиторката проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, настапија како претставници на Македонија и Музичката академија од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На програмата беа изведени дела од македонските композитори Валентина Велковска-Трајановска, Ана Пандевска, Гоце Коларовски и Вања Николовски-Ѓумар.
Следниот фестивал ќе се одржи во Љубљана, Р. Словенија.