Сабота, Ноември 23 2024
Следете нè

„Од млади за млади“ – студентите на Земјоделски предаваа искуства на идните колеги

Студенти на Земјоделски факултет денес се најдоа во улога на професори – им предаваа искуства на средношколците од завршните години, кои се во фаза на одлука каде да го продолжат своето образование. Ова беше идејата на настанот наречен „Од младите за младите“, кој го организираше Земјоделскиот факултет на УГД.

- Во пресрет на патрониот празник на УГД, 16 години одбележуваме, дојдовме на идеја промоцијата на  Универзитетот и Факултетот да ја направиме во насока да ги поканиме младите во нашите наставни центри – во Штип, Кавадарци и во Струмица, сите средношколци и матуранти кои имаат желба да го продолжат своето образование, да бидат наши гости. Како што кажува насловот – „Од младите за младите“, нашите студенти од повисоките години ќе им се обратат на идните наши студенти и ќе им одговорат на прашањето зошто изборот да биде УГД и зошто да студираат на Земјоделски факултет. Правиме конекција, ја продлабочуваме соработката со средните училишта, ги повикуваме да доаѓаат и на практична настава кај нас и сѐ што е во наша можност да им овозможиме – да ги посетуваат нашите лаборатории. Задоволни сме од одзивот и соработката со средните училишта, во интерес на повеќе информации на средношколците за тоа кои се предностите да студираат на УГД и на Земјоделскиот факултет – изјави деканката на Земјоделскиот факултет, проф. д-р Емилија Арсов.

Меѓу студентите кои им ги пренесоа своите искуства на средношколците беше и Елена Андонова, студент во четврта година на студиската програма Биологија.

- Денес сум овде да дадам поддршка на настанот „Од младите за младите“ и да ги пренесам моите искуства кои ги стекнав овде на Земјоделскиот факултет. Сметам дека е многу поубаво и подруго чувства кога можеме нашите искуства да им ги пренесеме на идните студенти. Така може да се запознаат со студиските програми кои ги нуди Земјоделскиот факултет. Но сепак, за еден средношколец е поубаво кога ќе слушне мислење од студент кој веќе е во тек со сите тие активности кои се случуваат на факултетот. Јас се сеќавам на сите убави моменти кои сум ги поминала тука и за мене Земјоделскиот факултет е едно големо семејство. Кога велам едно големо семејство, мислам на тоа дека ги отвора сите погледи кон пошироки хоризонти во светот, како што ги отвори моите. Јас отсекогаш сум имала љубов кон природните науки, но овде, кога станав дел од ова семејство, уште повеќе ми се проширија погледите и таа љубов кон природните науки се зголеми на уште поголемо ниво – вели Елена Андонова.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com