Недела, Ноември 24 2024
Следете нè

Одбележан Националниот ден на НР Кина

Националниот ден на Народна Република Кина беше одбележан со Свечена академија во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

На академијата присуствуваа амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуо, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и претседателот на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, Љупчо Маленко.  Амбасадорот Џанг Ѕуо истакна дека се отворени можностите за соработка. Според него, овој настан и соработката во изминатите години е вистински пример за пријателство меѓу две држави.

- Задоволството е мое што го посетив Штип и што денес имав можност да го отворам овој настан. Во април годинава дојдов во Штип и имавме пријателска комуникација со градоначалникот Јорданов. Го посетив Универзитет „Гоце Делчев“. Минатата година имаше плодна соработка помеѓу двете држави и токму затоа ми е мило што сум денес овде. Настанот е вистински пример за соработката и пријателството. Во однос на економската соработка, знаеме дека Штип има одлично воспоставена индустрија и се надевам дека продуктите од Штип ќе се пренесат во Кина, се радувам кога ја промовираме соработката и се стремиме кон повеќе бенефит - истакна Ѕуа.       

Љупчо Маленко, претседател на Здружението за соработка меѓу двете држави, вели дека кинеските здруженија не се многу популарни, но опстојуваат подолго време, а се обидуваат и сега да ги возобноват.

- Не сакаме да биде сѐ сконцентрирано во Скопје, туку кинеската култура и кинескиот јазик да може да се прошири пошироко низ нашата држава. Прв претседател на нашето Здружение беше Јордан Поп Јорданов, а е основано во 1994 година - вели Маленко.

Во уметничкиот дел од одбележувањето настапија проф. Златка Митева – флејта, проф. д-р Бранко Павловски – кларинет и проф. м-р Наташа Трбојевиќ – пијано. Во „Безистенот“ беше отворена и Уметничката изложба на штипското Друштво на ликовни уметници.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com