Јован Јанев од Правниот факултет и Ана Михаиловска од Факултетот за природни и технички науки се победници во двете категории на десеттата по ред Ораторска вечер на Правен факултет. Оваа година имаше први места во две категории. Јован го освои првото место во категоријата „Слободни говори“, а Ана во категоријата „Рамноправност и недискриминација“.
На настанот настапија осум студенти од различни факултети. Листата на учесници е следна:
- Илија Валаски - Правен факултет
- Ана Михаилова – Факултет за природни и технички науки
- Катерина Тасева – Филолошки факултет
- Божидар Доневски – Правен факултет – медиумски студии
- Мартина Јованова – Правен факултет
- Јован Јанев – Правен факултет
- Слободанка Ѓорчева – Правен факултет
- Сара Бојкова – Правен факултет.
Настанот се одржа во свечената сала на Правниот факултет, а се пренесуваше во живо и на интернет. Победниците добија награди, а сите учесници добија признанија. Комисијата која одлучуваше по наградите се состоеше од истакнати професори на Универзитетот во Штип. Настанот традиционално се организира десет години од Правниот факултет и Клубот на оратори „Ростра ветера“ и можат да учествуваат сите студенти на УГД.
Во продолжение погледнете ги сите говори и фотографии од настанот.
Галерија:
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com
Видео: