Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Министерот за правда во посета на УГД

Министерот за правда, проф. д-р Никола Тупанчевски, денес беше во посета на Универзитет „Гоце Делчев“ и Правен факултет. При посетата министерот оствари средби со деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска, професорите, како и со студентите.

- Целта на посетата беше запознавање на министерот со условите за студирање, предизвиците на правните студии, можностите за практична работа на студентите, но и на дипломираните правници, како и работата на Правната клиника. Министерот ги запозна студентите со тековните реформи во законодавството коишто се очекува брзо да бидат донесени, особено за нацртот на новиот Кривичен законик кој се очекува да биде донесен оваа година, но и за моменталните проблеми и предизвици во функционирањето на судовите - истакна деканката на Правен факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.

Министерот оствари средба и со ректорот, проф. д-р Дејан Мираковски, на којашто дискутираше исто така за релевантните законски измени, особено во делот за новиот концепт на еколошка казнена правда, како и за безрезервната поддршка на Министерството на Правната клинка на Правен факултет.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com