Петок, Мај 10 2024
Следете нè

Предавања на проф. д-р Јуми Такахаши пред студентите на ФОН

Во рамките на посетата на Факултетот за образовни науки при УГД, проф. д-р Јуми Такахаши од Американскиот универзитет од Централна Азија во Киргистан одржува серија предавања пред студентите. Претходно проф. Такахаши се сретна и со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, при што беше потпишан и Договор за соработка.

- Факултетот за образовни науки ја продолжува востановената пракса за одржување на јавни предавања и работилници од странски професори, од странски универзитети. Денес ја имаме професор доктор Јуми Такахаши од Американскиот универзитет од Централна Азија. Во периодот од 12 до 17 октомври професорката ќе биде на ФОН и ќе одржи неколку предавања. Денес предавањата се на теми јапонското образование и образовниот систем и за кроскултурната комуникација и нејзините искуства со оваа комуникација. Потпишан е и билатерален договор за соработка помеѓу УГД и Американскиот универзитет од Централна Азија. Во рамки на предметот интеркултурно образование студентите имаат можност да научат за ова образование и комуникација така што и овде, не само знаењата, туку и подигнувањето на интеркултурните компетенции за работа на овие млади луѓе во мултикултурна средина, и со деца кои живеат и растат токму во таква средина, бидејќи не е важно само да живееме едни со други туку и да комуницираме едни со други – изјави доц. д-р Даниела Коцева од ФОН.

Проф. д-р Јуми Такахаши изрази задоволство од престојот на Факултетот за образовни науки на УГД и ќе може преку предавањата да го сподели своето искуство. За нашиот образовен систем и за бенефитите кои воспоставената соработка на УГД и Американскиот универзитет од Централна Азија, професорката Такахаши изјави:

- Имате многу сличен образовен систем, студентите сакаат да учат и се високо едуцирани, а преку предавањата остварив и висока интеракција со нив. Од потпишаниот Договор за соработка очекувам вмрежување, соработка на студии, исто така и размена на студенти од УГД и од Киргистан, а соработката нема да се однесува само на студенти, туку и на вработени на универзитетите.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com