Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес имаше иницијална, неформална средба со невладините организации кои се активни и функционираат во регионот. Средбата беше со цел да се запознаат за меѓусебните активности и да најдат заеднички точки на интерес.
Соработката може да биде на многу полиња. Ние како научна институција правиме низа истражувања кои можат да бидат од помош на невладините организации и обратно. Воедно сметам дека дел од активностите кои ги реализираат невладините од регионот можат да се реализираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ или на Правниот факултет, изјави проф. Д-р Страшко Стојановски.
Средбата се одржа во просториите на Правниот факултет, а присутни беа претставници од 10тина невладини организации и фондации од регионот кои изразија исто така желба за идна соработка со Факултетот и Универзитетот.