Почитувани,
Чест ни е да ве поканиме на уште едно од низата предавања, кое е реализирано од Студентски организирана медицинска асоцијација – СОМА, предводена од студентите на Факултет за медицински науки при Универзитет ,,Гоце Делчев” - Штип.
Врвен доктор во својата област ќе даде свое излагање и одговор на сите актуелни прашања поврзани со психодијагностиката на инсомнија и третман со когнитивно-бихејвиоралната терапија.
На наше огромно задоволство како предавач го имаме високопрофилираното име на проф. д-р Ленче Милошева - редовен професор на Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, клинички психолог и РЕБТ & KБT психотерапевт, придружен соработник на Albert Ellis Institute, New York, USA и Европски акредитиран КБТ психотерапевт (European Association for Behavioral and Cognitive Therapy).
Консултант – дел од медицинскиот стручен тим на Болница „Неуромедика“ - Скопје. https://neuromedica.com.mk/prof-d-r-lence-milosheva/
Настанот ќе се одржи на 18 април 2022 г., во 18 часот, на платформата на Мicrosoft teams, а истиот ќе биде сертифициран.
Бројот на присутни е ограничен.
Линк за пријава: https://docs.google.com/.../18MAa8w.../viewform...
Организатор: Клуб на ретки болести, СОМА
Стефан Мишовски
Леона Стојановска
Марија Минова