Среда, Декември 4 2024
Следете нè

Одделението за меѓународна соработка организираше прием за Еразмус студентите кои престојуваат на УГД

Дваесет и дваjца странски студенти, кои се дел од студентската размена преку Програмата „Еразмус плус“, почнаа со предавањата и вежбите на факултетите и академиите на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

М-р Сања Максимова од Одделението за меѓународна соработка на УГД-Штип истакна дека церемонијата е за добредојде на странските студенти, како и да се запознаат едни со други, но и да се информираат за градот Штип, каде што ќе престојуваат еден семестар или цела година.

Оваа година имаме најмногу студенти од универзитетите во Шпанија и во Италија, имаме еден студент од Чешка, а очекуваме да пристигнат тројца студенти од Турција, коишто во наредниот период ќе започнат со настава. За жал, во претходните години немавме можност да ја организираме оваа церемонија поради пандемијата, но еве по две години пак можеме да ги собереме студентите. Од март ја очекуваме и новата група на инкоминг студенти. Сите тие ќе поминат по еден семестар или цела академска година на УГД -  вели Максимова.

Филип Бактош, студент на Факултетот за медицински науки во Чешка, вели дека во Штип ќе следи настава еден семестар. Задоволен е од престојот и од гостопримството на луѓето. Истакнува дека изборот за дојде на штипскиот Универзитет го направил со цел да ја запознае македонската култура.

Марта Валера, студентка од Мурсија во Шпанија, вели дека ја избрала Македонија затоа што сака да запознава различни култури:

- Сакам да ја запознаам Македонија, сакам да учам за нови средини и култури. Очекувам да стекнам нови пријатели и да учам од другите. Првиот впечаток ми е дека ова е безбедно место, многу побезбедно отколку моето место во Шпанија, а луѓето се многу пријатни.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com