Почитувани студенти,
Во рамките на проектот „Western Balkanship“, пилот-проект финансиран од страна на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија преку Перманентиот секретаријат на Фондацијата за јадранско-јонската иницијатива (PS AII) и преку Асоцијацијата Fora of Civil Society и Униадрион (Forum AIC and UniAdrion), коишто се задолжени за имплементација на проектот, се отвораат можност за студентите од универзитетите кои се вклучени во Униадрион мрежата (во која членува и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип), да се оствари тримесечна прекугранична мобилност во одредени претпријатија од Јадранско-јонскиот регион, во периодот од 23 јули 2023 до 31 мај 2024 г.
Сите селектирани студенти (по еден од секој Универзитет од Униадрион мрежата) ќе добијат финансиска поддршка којашто ќе им биде дадена од страна на имплементирачките партнери (Forum AIC and UniAdrion), со којашто парцијално ќе се покријат студентските трошоци за време на периодот на мобилност. На студентите исто така ќе им биде покриено и здравствено осигурување и осигурување на работно место.
Целите на проектот се различни, почнувајќи од зацврстување на меѓународната соработка помеѓу државите, промоција на мобилност за структурни прекугранични мобилности, создавање на нови можности за вработување за млади студени и дипломирани студенти, спојување на компаниите со специјализиран персонал и зголемување на развојот во соодветните области.
Студентската мобилност треба да биде во согласност со областа во која се запишани студентите на нивната матична институција во рамките на Универзитетот.
Повеќе информации може да најдете на следниов линк:
CALL FOR APPLICATIONS - WesternBalkanship - Forum AIC