Универзитетот „’Гоце Делчев’’ заедно со повеќе универзитети од Франција, Италија, Германија, Русија, Грција и Бугарија е дел од меѓународниот проект од програмата „Жан Моне’’ на Европската Унија.
Дел од овој проект се проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава на УГД и проф. д-р Татјана Бошков, декан на Факултет за туризам и бизнис логистика коja на истоимената конференција го презентира нивното истражување: „The circularity challenge: sustainability and responsibility” со фокус на Македонија и земјите од Западен Балкан. Меѓународната конференција како еден од аутпутите на проектот CIRCON програма Erasmus +, се одржа од 19 до 21 септември 2022 година во Нови Сад, Србија каде активно беа презентирани 63 истражувања од областа на циркуларната економија.
Овој проект е координиран од НЕСТ Асоцијацијата чија цел е зајакнување на значењето на развојот и истражувањата во областа на циркуларната економија во ЕУ во контекст на Европската интеграција.
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com