Проф. д-р Мишко Џидров, актуелниот проректор на УГД, е член на Комисија за евалуација на универзитети низ Европа. Проф. д-р Џидров е дел од IEP (Институционална програма за евалуација) која е воспоставена во рамките на Европската универзитетска асоцијација (EUA).
Во рамките на оваа програма има повеќе универзитети од цела Европа, а ги евалуира петчлена комисија која е составена од четворица професори и еден студент.
Во согласност со институционалната автономија, мисијата на Програмата за институционална евалуација (IEP) е да ги поддржи високообразовните институции и системи во развојот на нивното стратешко лидерство и капацитет за управување со промените преку процес на доброволни институционални евалуации.
Програмата беше лансирана во 1994 година со цел да се поддржат институциите во исполнувањето на нивната одговорност за оценување и подобрување на квалитетот на нивните сопствени активности. Со искуството стекнато од над 440 евалуации спроведени во текот на две децении, тие нудат евалуации засновани на основните принципи на програмата.
Како независна агенција за обезбедување квалитет, IEP е наведена во Европскиот регистар за обезбедување квалитет за високото образование (EQAR) и е членка на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ENQA). За таа цел, IEP е подложен на надворешен преглед кој го координира ENQA на секои пет години.